Повторно поевтинуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија соопшти дека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од вечерва на полноќ се намалуваат за два денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,228 денар/килограм и сега ќе изнесува 54,521 ден/кг.
Еве ги цените кои ќе важат од полноќ:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстралесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,521 (денари/килограм)