Лекови МИА
Лекови/ Фото: МИА

Повторно ќе нема важни лекови, овојпат психотици на „Плива“

Хрватскиот фармацевтски гигант „плива“ пријави недостиг на два добро познати лекови. Тоа се однесува на Локвен ХР 200 мг, 60 таблети, активна состојка кветиапин фумарат. Причините се поврзани со производството, а лекот нема да биде достапен од 27 октомври до 30 ноември.

Како што објасни Хрватската агенција за лекови, Локвен ја содржи активната состојка кветиапин, која припаѓа на група лекови наречени антипсихотици. Локвен може да се користи во третманот на депресија, манија, шизофренија. Дополнително, пријавен е и недостиг на лекот Прамипексол Плива 0,26 мг, 30 таблети, активна состојка прамипексол дихлорид хидрат. Причините се поврзани и со производството, а лекот нема да биде достапен од 15 октомври до 31 декември. Прамипексолот припаѓа на група лекови познати како допамински агонисти и се користи за лекување на симптомите на примарна Паркинсонова болест кај возрасни, извести Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот