Петмина повредени во сообраќајка кај Маврово

Фото: Илустрација

На регионалниот пат меѓу селата Маврово и Никифорово, вчера околу 17 часот се судриле мотоцикл БМВ“ и патничко возило „Фолксваген Венто“. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а четворица сопатници од патничкото возило се исто така повредени и згрижени во Општата болница Гостивар.

На 01.05.2023 во 16.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат с.Маврово-Ниќифорово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „БМВ” со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од З.А.(43) од Тетово и патничко возило „Фолксваген Венто” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(55) од с.Голема Речица, тетовско, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот