Повредени пешак и велосипедист во Тетово - Слободен печат

Повредени пешак и велосипедист во Тетово

Две момчиња на возраст од 18 години се повредени откако во нив удрил 22 годишник од Тетово кој возел „форд ескорт“, вчера околу 14 часот на улицата „Браќа Миладинови. Едното од момчињата било на велосипед, а другото одело пешки. По приемот за лекарска помош во тетовската Клиничка болница биле задржани на лекување, соопшти СВР Тетово.

Оттаму информираат дека поради зголемениот број возила деновиве е засилено полициското присуство и сообраќајно-контролните активности на подрачјето и посебно во Тетово и Гостивар.

– Целта е непречено и безбедно да се одвива сообраќајот на тетовските и гостиварските улици, но и на регионалните и локалните патишта. Се апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните знаци, пред се, оние кои ја регулираат дозволената брзина, првенство на минување или движењето на пешаците и нивно преминување на улиците.На возачите, исто така, им се укажува да ги паркираат возилата само и единствено на наменски определените места, а не и на тротоари, во зеленило или пред крстосници, за да не го попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот, особено во централните градски подрачја – изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово им советува на возачите целосно да се придржуваат на наредбите на полициските службеници задолжени за регулирање на сообраќајот во таканаречните „шпицеви”, за да се избегнат мешаници на крстосниците и на најфрекфрентните улици. Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово законски ќе го санкционираат секој прекршок во функција на максимална сообраќајна безбедност на сите учесници.

Прочитај повеќе

Прилепчанец со секира оштетил „голф“ во кое претходно удрил со неговото возило

Слободен печат

Спроведен во затвор неготинецот кој беше приведен поради повеќе кривични дела

МИА

Полицијата приведе двајца дилери во Гази Баба

Слободен печат

Тетово: По расправија прободен 15 годишен малолетник

Слободен печат

Притвор за три лица за убиство во велешко Долно Караслари

Слободен печат

Се претставил дека е кум на син ѝ: Скопјанка измамена за 10.000 денари

Слободен печат

Остави Коментар

16 − twelve =

Прочитај повеќе

Неготинец приведен за повеќе кривични дела

Слободен печат

Откриени четворица мигранти во воз на Табановце

Слободен печат

Автомобил удри десетгодишно дете на булевар „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Слободен печат

Турски државјани со фалсификувани пасоши се обиделе да го напуштат охридскиот аеродром

Слободен печат

Во подземна гаража запален автомобилот на поранешен министер од ДУИ

Слободен Печат

Скопјанец претепал малолетна потстанарка зашто скршила огледало, со парчиња ја сечел на вратот

Слободен Печат