Повредени 13 лица во сообраќајка кај Стајковци

Фото: Илустрација

На локалниот пат с.Брњарци-с.Стајковци вчера се судриле три возила, а со едно од нив управувал малолетник. Повредени се 13 лица, од кои четворица се со потешки повреди.

На 07.05.2023 во 13:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Брњарци–с.Стајковци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, патничко моторно возило „нисан” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(35) од с.Страчинци, скопско и патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од с.Никиштане, скопско, соопштија од МВР.

Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Б. и сопатниците од неговото возило Љ.Б.(25), С.Б.(62) и З.Б.(37), сите од с.Страчинци. Полесни повреди имаат возачот А.М. и осум сопатници од сите три возила, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот