Повредена жена во близина на Крушево

Фото: МИА

Вчера на на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „мерцедес спринтер“ со битолски таблички управувано од М.Ф. (52) од крушевското село Алданци и возило „тико“ управувано од Б.Б. (67) од прилепското село Кривогаштани.

Во незгодата тешко повредена е сопатничка од „тикото“, Љ.Б.(64) од Кривогаштани која била пренесена во медицинскиот центар во Прилеп каде е задржана на лекување. На местото на сообраќајката увид извршила полициска екипа од станицата во Крушево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот