Повик од МЗШВ до земјоделците за аплицирање за директни плаќања за производство на семенски материјал

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури.

Како што се наведува во соопштението, корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, и кои имаат произведен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година, согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

Висината на директните плаќања за произведен и продаден предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот