Потпишан договор за реконструкција на три улици во Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ го потпиша договорот за реконструкција и обновување на општинските улици Хусеин Бајрам, 164 и 166 во населбата Крњево, а во наредниот период ќе се реконструира и по еден крак од улицата Тасино Чешмиче и булеварот 11 Октомври, информира Општина Центар.

Предвидена е изградба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на коловозот и обновување на зеленилото, урбаната опрема и уличното осветлување.

– Активностите поврзани со реконструкцијата на уличната мрежа ќе придонесат кон намалување на сообраќајниот метеж во општината, ќе ја зголемат безбедноста на учесниците во сообраќајот и по подолго време, ќе обезбедат квалитетни услови за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците и велосипедистите, соопшти Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот