Потер е најлошиот менаџер на Челси во последните 30 години

Фото: EPA-EFE/Vince Mignott

На Грем Потер не му оди во Челси и тимот никако не успева да дојде до добри резултати, па поради тоа се погласно се шпекулира за негово заминување од клупата на „сините“.

Голем дел од навивачите сакаат промена и се во право затоа што бројките покажуваат дека Потер е најлошиот менаџер кој го имал Челси во последните 30 години. Со поразот од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите тој е дното по процентот на остварени победи.

Неговата епизода во Челси не започна лошо, го победи Милан со 2:0 и Потер беше пофален за петте воведни натпревари во кои „сините“ имаа четири победи и едно реми. Тогаш само Сари, Анчелоти и Гус Хидинк имаа подобар почеток. Сега четири месеци подоцна бројките се поинакви.

Потер го водел Челси на 24 натпревари и сега може на поизбалансиран начин да се споредува со другите. Во овој момент тој има девет победи и проценетот на добиени натпревари му е само на 38%.

Со тој процент подобри од Потер се Клаудио Раниери кој го водеше тимот од 2000 до 2004, потоа Џанлука Вијали (1998-2000), Руд Гулит (1995-1998). Во овој момент Потер е подобар само од Глен Ходл забележа пет победи на првите 24 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот