Посвоиле куче, па го вратиле во засолништето по 30 минути: Причината е апсурдна

Фото: Instagram / muttluvrescue

Кучето Сморс бил згрижен во засолниште во Сан Франциско, Америка кога конечно му се остварил сонот – се појавиле луѓе кои решиле да го посвојат.

Кучето среќно и полно со самодоверба истрчало од засолништето. Но, 30 минути подоцна луѓето го вратиле поради апсурдна причина. Всушност  тиего вратиле ова куче бидејќи било „преголемо“.

Фото: Instagram / muttluvrescue

„Бевме запрепастени. Не можевме да веруваме дека некој ќе врати куче поради толку апсурдна причина. Дефинитивно не порасна од моментот кога луѓето одлучија за него додека не го напушти засолништето“, изјавила Сара Мајчес, претседателка на засолништето.

Фото: Instagram / muttluvrescue

Кучето било многу тажно кога се вратило во засолништето што на волонтерите им било скршено срцето.

„За неколку часа успеавме да му најдеме привремен дом. Беше јасно дека не може да издржи ниту една минута во засолништето. Сè што му треба сега е постојан дом“, додала Мајчес.

Фото: Instagram / muttluvrescue

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот