Постојано ви е ладно? Ова се вообичаените причини за тоа

Фото: Pexels/Pavel Danilyuk

Доколку ви е ладно за време на зимските денови, кога температурите се прилично ниски, тогаш тоа е сосема во ред. Но, доколку вие се тресете од студ, а на сите околу вас им е пријатно, во тој случај тоа може да биде знак дека се соочувате со одредени здравствени проблеми, пишува „The Conversation“.

Рејно феномен

Иако во повеќето случаи не предизвикува сериозни проблеми, болеста на Рејно влијае на циркулацијата и може да предизвика студ кај некои луѓе. Кај некои од луѓето, врвовите на прстите има стануваат побледи, а кај некои – кожата им станува сина. Во овој случај, можете да го загреете домот, да носите топла облека, особено на рацете и нозете, и да вежбате бидејќи ја подобрува циркулацијата.

Хипотироидизам

Професорот Адам Тејлор вели дека хипотироидизмот, односно состојбата на недоволно активна штитна жлезда, е уште една состојба која може да направи да чувствувате студ. Третманот за хипотироидизам се состои од секојдневно примање на синтетски создадени тироидни хормони.

Хормонални проблеми

Хормоните вклучени во менструалниот циклус можат да влијаат на температурата на телото на жената.

„Голем број полови хормони влијаат на системот кој ја регулира нашата телесна температура. На пример, естрогенот предизвикува проширување на крвните садови, што помага да се намали телесната температура, додека прогестеронот има тенденција да предизвика повисока телесна температура. Синтетичкиот прогестерон, кој се наоѓа во оралните контрацептиви, предизвикува долгорочно зголемување на телесната температура“, тврди професорот Тејлор и додава дека пред овулацијата температурата на жената е околу 35,9 степени, а неколку дена подоцна го достигнува својот врв и е околу 36,7 степени Целзиусови.

Анемија

Ниското ниво на железо во крвта може да биде причина за хронично чувство на студ. Железото е клучен минерал кој им помага на црвените крвни зрнца да пренесуваат кислород во телото, што значи и да носат топлина и други хранливи состојки во секој дел од нашето тело.

Дијабетес

Симптомите на дијабетесот честопати се суптилни. Вие може да имате дијабетес со месеци, или со години, а да не почувствувате никакви симптоми на болеста. Клучните знаци дека имате проблем со шеќерот во крвта се заморот, зголемената жед и честото мокрење. Но, и чувството на студ е еден од првичните симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот