Поставен нов мурал во Струмица

На западната фасада на филијалата на Комерцијална банка во Струмица поставен е мурал „Се’ е тука” на уметникот Владимир Илиевски, работена во акрилик техника со димензии 650×530 сантиметри.

Муралот е реализиран во рамки на институционалниот грант на Здружение за култура „Транзен” во делот на децентрализација на културата и уметноста во југоисточниот дел на Македонија.

Според авторот, сликата е до одреден степен симболична, а ликовните елементи и значењето на содржината се преплетувааат и поддржуваат едни со други.

-Првичната иницијација беше зборот „повреден”. Темата е прилично позната. Фигура на човек кој седи на земја, со главата потпрена на своите колена, асоцијација на било каква повреда што некој некогаш ја почувствувале, физичка, емотивна, душевна… А крилјата, симбол на сето она што не можеме да го дефинираме, она убавото, слободата. А едното паднато, но тука веќе идејата се преформулира. Не е паднато од повредувањето, туку паднато е како баланс, за да олесни. Паднатотo крило е темно, тешко, на земја. Околу темното е светло. А она крило на грб е светло. Се околу него е темно. Тоа беше првичната скица додека траеше борбата помеѓу светлото и темното, белото и црното. Но потоа кога настапи бојата, се јави потребата да се збогати со дополнителен извор на светлост. Цветот кој свети, како симбол на надеж, симбол на сѐ она што може да нѐ разведри, сѐ од природата, сѐ од секоја форма на постоење. Затоа сѐ е тука. Сѐ е секогаш тука. Не сѐ што ние мислиме дека сакаме. Туку сѐ што ни треба, рече уметникот Владимир Илиевски.

Проектот е финансиран преку програмата на „Цивика Мобилитас”.

Во изминатиот период во Струмица се поставени мурали и на други објекти во градот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот