Поскапува таксито во Охрид, општинските власти најавија и поквалитетна услуга

Такси превоз / Фото: Архива

Повисоки цени и поквалитетна услуга во такси превозот во Охрид, најавија охридските градски власти со новата одлука на општинскиот совет.

Според одлуката, од 1 мај, стартната цена ќе изнесува 50 денари, а за секој нареден километар ќе се наплаќа по 35 денари во периодот од 5 до 23 часот и 45 денари од 23 до 5 часот наутро.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, најави дека проблемот со лиценцирани и нелициенцирани такси превозници ќе се решава со жолти таблици, кои треба да се заменуваат тековно.

– Цената е повеќе од пристојна со која се согласуваат сите. Инспекциски служби ќе си ја вршат својата работа и да овозможиме да бидеме достапни и пристапни. Ќе биде извршено и баждарење на таксиметрите, рече Пецаков.

На такси-постојката кај Поштата, како најкористена, посочи дека ќе биде обележан број, каде ќе можат да пријават туристите и граѓаните неправилности, доколку некој одбие да ги вози, ако не вози по таксиметар и слично.

Одлуката за зголемување на цените е на барање на превозниците, а подобрувањето на квалитетот на услугите е на барање на корисниците, велат од општината.

Досега возењето со такси во Охрид чинеше 50 денари прв километар, а секој нареден по 30 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот