Посилни сме отколку што мислиме: Разговор со рагбистката Ивана Лозановска пред меѓународниот турнир во женско рагби во Скопје!

Ивана Лозановска, рагбистка
Ивана Лозановска, рагбистка

Денеска Скопје ќе биде домаќин на прекрасен турнир. Станува збор за организација на скопскиот рагби тим (прв во државата) – Wild Boars или Дивите вепри од Скопје! Што ќе се случува? Освен што ќе имаме ретка можност да проследиме рагби во Скопје, ќе гостуваат женски рагби тимови од регионот, односно од Грција, Косово и Бугарија, а во рамки на турнирот ќе биде одржан и натпревар на Дивите вепри против гостинска екипа од Грција. На настанот се очекува да учествуваат околу 80 играчи од Македонија и од регионот. Ова ќе биде најголем рагби настан досега, а Дивите вепри се надеваат дека ќе привлече внимание и дека ќе помогне да се воспостави овој спорт во Македонија. Програмата за турнирот разгледајте ја тука.

Стефан и Димитар, рагбисти од Дивите вепри, накратко ни раскажаа за развојот на новиот спорт во Македонија:

„Клубот Диви вепри е формиран во август 2018 година од група рагби ентузијасти од земјава и странство. Првиот натпревар се одигра после само четири месеци постоење, против клубот Приштина мечки, во Скопје, натпревар кој впрочем и беше прв рагби натпревар на голем дел од членовите на клубот. Освен тоа, Дивите вепри учевствуваа на заеднички турнир со екипите од Косово, на кој исто така се покажаа во добро светло. На кој било настан организиран од клубот, се става акцент на дружењето помеѓу домашните и странските играчи како и со фановите, со цел размена на мислења и поддржување на мултикултуралноста, која е една од основните начела на рагбито.

Клубот го водат самите играчи, и секој од членовите на клубот има увид кон сето тоа што се случува во и околу него. Се организираат два тренинзи неделно на теренот на ФК Локомотива во Карпош 3, на кои секој кој има желба да учествува во нешто поразлично и интересно е добредојден. Интересното во рагбито, како спорт, е тоа што секој може да игра, односно има позиции за секоја физичка предиспозиција. Основно нешто, што му е потребно на кој било за да игра рагби, е желбата. Дури и во професионалните рагби клубови и нации, не постои желба за пари и слава, туку секој игра пред сè од љубов кон спортот. Така, и овој клуб функционира првенствено поради таа љубов.

View this post on Instagram

? „Клубот го водат самите играчи, и секој од членовите на клубот има увид кон сето тоа што се случува во и околу него… Основно нешто, што е потребно на било кој за да игра рагби, е желбата. Дури и во професионалните рагби клубови и нации, не постои желба за пари и слава, туку секој игра пред се од љубов кон спортот. Така, и овој клуб функционира првенствено поради таа љубов. ” ♥️ ⁣ ⁣ Дечки, ова се @skopjewildboars! Кога за прв пат пишувавме во весникот за нив, прва реакција ни беше: конечно! Денес имаат прекрасен турнир, трк кај нив на профил, да ги поддржиме! ⁣ ⁣ ⚡️Рагбистите Стефан и Димитар: ⁣ ⁣ „Клубот Диви Вепри е формиран во август 2018 година од група рагби ентузијасти од земјава и странтсво. Првиот натпревар се одигра после само четири месеци постоење, против клубот Приштина Мечки, во Скопје, натпревар кој впрочем и беше прв рагби натпревар на голем дел од членовите на клубот. Освен тоа, Дивите Вепри учевствуваа на заеднички турнир со екипите од Косово, на кој исто така се покажаа во добро светло. На било кој настан организиран од клубот, се става акцент на дружењето помеѓу домашните и странските играчи како и со фановите, со цел размена на мислења и подржување на мултикултуралноста, која е една од основните начела на рагбито.⁣ ⁣ Се организираат два тренинзи неделно на теренот на ФК Локомотива во Карпош 3, на кои секој кој има желба да учевствува во нешто поразлично и интересно е добредојден. Интересното во рагбито, како спорт, е тоа што секој може да игра, односно има позиции за секоја физичка предиспозиција.⁣ ⁣ Следниот чекор во пишувањето на историјата на македонското рагби е женскиот турнир во рагби, на кој ќе учевствуваат клубови од Косово, Бугарија и Грција, а во рамки на турнирот ќе биде одржан и натпревар на Дивите Вепри против гостинска екипа од Грција. На тој настан се очекува да учевствуваат околу 80 играчи од Македонија и регионот. Ова ќе биде најголем рагби настан досега, и се надеваме дека ќе привлече внимание и дека ќе помогне да се воспостави спортот во Македонија.” ⁣ ⁣ Младите се иднината – Тренерите и организацискиот одбор на клубот имаат големо искуство во тренирање и работа со млади, што е следна мисија за @skopjewildboars ♥️

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

 

Следниот чекор во пишувањето на историјата на македонското рагби е женскиот турнир во рагби, на кој ќе учествуваат клубови од Косово, Бугарија и Грција, а во рамки на турнирот ќе биде одржан и натпревар на Дивите вепри против гостинска екипа од Грција. На тој настан се очекува да учествуваат околу 80 играчи од Македонија и регионот. Ова ќе биде најголем рагби настан досега, и се надеваме дека ќе привлече внимание и дека ќе помогне да се воспостави овој спорт во Македонија.

Во иднина, покрај развивањето на машкиот тим, ќе се вложат напори да се оформи и младински тим, затоа што сепак, младите се иднината. Тренерите и организацискиот одбор на клубот имаат големо искуство во тренирање и работа со млади.“

Она што особено нè заинтригира, е почетоците на женскиот рагби тим, кој сè уште не е официјално формиран, но има неколку рагбистки кои тренираат со машкиот тим на Дивите вепри! За таа цел, ја прашавме Ивана Лозановска, рагбистка, неколку прашања на кои сите ние би сакале одговор:

Како се појави интересот и иницијативата за создавање на првиот женски рагби тим во Македонија?

Женскиот рагби тим сè уште не е формиран, туку станува збор за неколку девојки кои се љубители на спортот. Едната работа, што мислам дека ги влече кон рагбито е тоа што е нов/непознат спорт во земјава. Друго би била самата љубопитност; кога од страна се гледа играта, може да изгледа доста грубо, но со познавање на начинот на играње, всушност е доста интересно, и на девојките како и на момчињата им се јавува желба да продолжат да тренираат. На нас девојките ни дозволува да покажеме дека и ние сме издржливи и цврсти.

Ивана Лозановска, рагбистка
Ивана Лозановска, рагбистка

Раскажи ни за Вашите тренинзи! Како изгледа еден тренинг на жена рагбистка?

На тренизите засега тренираме со машките и добро се носиме со тоа. Сите вежби и вештини кои не вклучуваат контакт, можеме заедно да ги вежбаме, тоа придонесува за сите нови членови; машки и женски да се развиваат исто.

Која е мисијата на жените рагбистки на Диви вепри, во однос на професионално ниво? Дали ова го доживувате како хоби, или мисијата е да нè пласирате на мапата на држави во кои функционираат женски рагби тимови и може да се следат натпревари?

Рагбито е далеку од професионално дури и во земји каде што постои повеќе години. Нашата цел е да формираме самостоен женски рагби клуб, кој ќе може да се натпреварува и да се носи со женските клубови од регионот, секако и пошироко во Европа. Доколку се формира македонска рагби федерација, ние ќе ја претставуваме државата на меѓународни турнири/лиги. Би играле во формат рагби седмици, кој е атрактивна верзија на рагбито што се игра на олимписките игри и затоа брзо се развива низ цел свет. Па и ние да се покажеме.

Колку институциите се заинтересирани и поддржуваат нови спортови во државата?

Немаме информации за институции затоа што сè уште не е формиран женскиот рагби клуб, но клубот Wild boars има комуникација со неколку институции, меѓу кои и општина Карпош. Нè поддржуваат во нашиот развој и се очекува соработка со Агенцијата за млади и спорт. Со нивна помош може да се формираат повеќе клубови и останатите услови за формирање на федерација и признавање на рагбито како спорт кај нас. Секако, покрај институциите, важни се и приватните спонзори, затоа што тие водат кон поголемо експонирање, реклама и проширување на веста дека рагбито дојде и тука. Исто така би помогнале и при организирање на забавни и атрактивни настани.

Ивана Лозановска, рагбистка
Ивана Лозановска, рагбистка

Доколку кај читателките се разбуди желба да тренираат рагби, што треба да имаат на ум? Какво претходно физичко искуство е есенцијално за да се тренира овој спорт, и дали годините влијаат на желбата?

Секој нов член е добредојден во нашиот клуб. Доколку се разбуди желба и интерес, препорачувам да дојдат да прашаат, да видат и секако да се приклучат за време на тренинзите или на некој натпревар. Потребна е цврстина и храброст и секако тоа е нешто што се гради, не е нешто што не може да се достигне. На почетокот, како и кај секој спорт, може да е понапорно, но тоа не е пречка за да почнат или да продолжат да вежбаат. Со желба и упорност, со помош на тимот и тренерите пополека или побрзо ќе се навикнат и ќе влезат во ритам на играта. Може мислат дека е многу грубо за девојки, но ние девојките сме посилни од тоа што мислиме.

Како можат читателките да се вклучат на женскиот рагби тим Диви вепри, и каде би можеле да ги следиме Вашите идни активности?

Често објавуваме на социјалните мрежи, како Инстаграм и Фејсбук за нашите тренинзи, настани, активности и некои измени доколку се случат. Тренинзите се одржуваат на игралиштето „Локомотива“ во Карпош, и секој што сака може да дојде и да ни се приклучи. Доколку некој сака да искомуницира со нас или да праша за некоја информација, може да ни пише на социјалните мрежи, на профилот Skopje Wild Boars.

 

View this post on Instagram

⚡️ „За нас, девојките, рагбито ни дозволува да покажеме дека и ние сме издржливи и цврсти! Женскиот рагби тим се уште не е формиран, туку станува збор за неколку девојки кои се љубители на спортот. Едната работа, што мислам дека ги влече кон рагбито е тоа што е нов/непознат спорт во земјава. Друго би била самата љубопитност; кога од страна се гледа играта, може да изгледа доста грубо, но со познавање на начинот на играње, всушност е доста интересно, и на девојките како и машките им се јавува желба за да продолжат да тренираат. ? ⁣ ⁣ Секој нов член е добредојден во нашиот клуб. Доколку се пробуди желба и интерес препорачувам да дојдат да прашаат, да видат и секако да се приклучат за време на тренинзите или некој натпревар. Потребна е цврстина и храброст и секако тоа е нешто што се гради, не е нешто што неможе да се достигне. На почетокот, како и кај секој спорт може да е понапорно, но тоа не е пречка за да почнат или да продолжат да вежбаат. Со желба и упорност, со помош на тимот и тренерите пополека или побрзо ќе се навикнат и ќе влезат во ритам на играта. Може мислат дека е многу грубо за девојки, но ние девојките сме посилни од тоа што мислиме.”⁣ ⁣ Разговор со Ивана Лозановска, рагбистка од #Скопје во @skopjewildboars ! Во 12 часот прочитајте го целото интервју на slobodenpecat.mk ♥️

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот