Поседувал оружје и муниција – предложен притвор за скопјанец

Јавното обвинителство предложи притвор за скопјанец осомничен за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Против 29 годишен скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција, два полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив.

„Кога полициски службеници на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна“, се појаснува во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот