Посебен сообраќаен режим во поширокиот центар на Скопје денеска и утре

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Денеска и утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по повод одржување на лидерскиот состанок во Процесот Брдо – Бриони, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Во текот на овие два дена во официјална посета на Република Северна Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се одвива под услови на посебен режим на сообраќај – велат од МВР.

Оттаму апелирааат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот