Посебен режим за сообраќај во Скопје поради протест во 13 часот

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска поради најавен протест, од 13 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош”, „Џон Кенеди”, „Цветан Димов”, булеварите „Крсте Мисирков” и „ Гоце Делчев”, улиците „11-ти Октомври”  и „Васил Главинов”, булеварите „ВМРО” и „Илинден” и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување на протестот.

Од МВР информираат дека протестот е најавен за 13 часот, а ќе почне во парк Чаир на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош”, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, на бул. „Гоце Делчев”, Собранието на ул. „11-ти Октомври” и Владата на булевар „Илинден”.

СВР Скопје апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот