Португалија го скрати времето на изолација од десет на седум дена

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Португалските здравствени власти го скратуваат задолжителниот период на изолација на лицата заразени со Ковид-19 од 10 на седум дена доколку не покажат симптоми на болеста.

Други земји, од Соединетите Американски Држави до соседна Шпанија, направија слични потези, загрижени за влијанието на карантинот врз достапната работна сила.

Португалската дирекција за здравство денеска соопшти дека блиските контакти на позитивните случаи ќе мора да продолжат со карантин, но најмногу седум дена.

Регионот Мадеира, архипелаг во Атлантскиот Океан, дополнително го скрати задолжителниот период на изолација на пет дена, пишува португалскиот дневен весник „Диарио де Нотисиас”.

Во Португалија расте бројот на заразени луѓе, а Омикрон, кој брзо се шири, стана доминантен сој, и покрај тоа што земјата има една од највисоките стапки на вакцинација во светот, каде 87 отсто од 10-те милиони жители примиле најмалку две дози.

Денеска се пријавени рекорден број од 28.659 нови инфекции и 16 смртни случаи на пациенти со Ковид-19.

И покрај ширењето на инфекцијата, во болниците има помалку пациенти во споредба со претходните бранови на пандемијата, особено во одделенијата за интензивна нега.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот