Поранешниот претседател Трамп доби рок од десет дена да уплати 175 милиони долари за жалба на пресудата за измама

foto: EPA

Апелациониот суд во Њујорк денеска му даде рок уште десет дена на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да плати 175 милиони долари за да поднесе жалба на пресудата за граѓанска измама.  Судот со тоа ја намали сумата што Трамп треба да ја плати од 464 милиони долари, пренесува  Си-ен-ен. 

Доколку не ја плати одредената сума, властите во Њујорк би можеле да запленат дел од неговиот недвижен имот.

Минатиот месец, судијата Артур Енгорон пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја зголемиле вредноста на нивното богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.

На денешното судење  поранешниот претседател рече дека ќе ги плати 175-те милиони долари во готовина или обврзници  или што и да е потребно многу брзо во рокот што го доби од 10 дена.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот