Поранешниот папа Бенедикт им се извини на жртвите на вознемирување, ги замоли за прошка

Поранешниот папа Бенедикт 16/ Фото: ЕПА

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти побара прошка од жртвите на сексуално злоставување во Римокатоличката црква, но ги отфрли обвинувањата дека бил вмешан во прикривањето на вистината.

Пензионираниот папа одговори на независниот извештај објавен на 20 јануари во кој се опишуваат децениите злоставување и пропусти во минхенската бискупија, која папата Бенедикт, односно Јозеф Рацингер ја водел од 1977 до 1982.

Во своето писмо Бенедикт ги признава прекршоците и грешките кои се случиле во времето на неговиот мандат и искрено бара извинување од сите жртви на сексуално злоставување, пренесуваат агенциите.

Во извештајот се наведуваат обвинувања против него за пропусти во четири случаи. Експерти од адвокатската канцеларија Вестфал Шпилкер Вастл сметаат дека Рацингер свештениците кои злоставувале деца ги преместил во други региони додека бил надбискуп на Минхен.

Тие обвинувања адвокатите и советниците на Рацингер категорично ги отфрлија во соопштението објавено денес како проверка на фактите.

„Експертскиот извештај не содржи докази кои би поддржале какво било обвинување за пропусти или помош во прикривањето. Како надбискуп, кардиналот Рацингер не бил вмешан во никакво прикривање на делата на злоставување“, се наведува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот