Поранешниот менаџер на кампањата на Трамп пренесен во болница, се заканувал со самоубиство

 Политичкиот консултант Бред Парскале, кој до јули беше раководител на предизборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп во 2020 година, е хоспитализиран по обид за самоубиство, објави „Сан Сентинел”, повикувајќи се на полицијата во Форт Лодердејл, Флорида.

Сопругата на Парскале повикала полиција и изјавила дека нејзиниот сопруг, кој бил во нивниот дом во Форт Лодердејл, бил вооружен и се заканувал дека ќе се самоубие. Полицајците го убедиле Парскале да ја напушти куќата и го однеле во болница.

Трамп го деградираше Парскале во јули затоа што не беше задоволен од организацијата на голем број настани како дел од изборната кампања.

Според медиумите, Парскале бил критикуван затоа што добил милиони долари од средствата наменети за кампањата.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ за утре најави протест пред Влада, а ќе се протестира и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово

Поврзани вести

Илија Димовски во клинч со министерот Маричиќ за договорот со Бугарија

Слободен печат

Москва: Нато да го разгледа предлогот на Путин за контрола на оружјето

Илинка Иљоска

Србија: Собранието ја изгласа новата Влада на Ана Брнабиќ

МИА Агенција

Бајден гласаше во родниот град заедно со сопругата

Слободен печат

Видео: Веќе седум дена илјадници Полјаци го искажуваат својот револт против забраната за абортус

Илинка Иљоска

ВИДЕО: И Макрон воведува карантин во Франција, почнува од петок

Слободен печат

Остави Коментар