Поранешен фудбалер на Јунајтед открива зошто Фергусон си замина во пензија

Фергусон 27 години седеше на клупата на Манчестер јунајтед/ Манчестер, Англија, 2013 година/ фото: EPA/PETER POWELL

Манчестер јунајтед во сезоната 2011/12 остана без титулата во последните секунди откако Манчестер сити благодарение на Серхио Агуеро и неговиот гол во последните моменти дојде до победата против КПР и на крајот го крена шампионскиот пехар.

Болната загуба на титулата го заинати сер Алекс Фергусон кој вети дека наредната сезона 2012/2013 ќе ја освои титулата. Тоа што го вети, Фергусон го исполни и по 13 пат со Манчестер јунајтед триумфира во Премиер лигата.
Но, истото лето, во 2013 година, сер Алекс Фергусон ненадејно замина во пензија.

Поранешниот фудбалер на Јунајтед, Патрис Евра откри дека Фергусон имал план да ја нападне Лигата на шампионите и сакаше по трет пат да триумфура во елитното натпреварување па потоа да се пензионира.

– Се сеќавам дека две недели пред неговото пензионирање медиумите пишуваа дека сер Алекс ќе остане на клупата уште една сезона. Кога тоа го виде, сер Алекс ни порача: Момци, јас уште десет години ќе останам тука – зборува Евра.

За да реализира својата желба и да дојде до третата титула во ЛШ, Фергусон сакаше да донесе две екстра засилувања.

– Фергусон тогаш ни зборуваше: Мојата мета се, и 99 проценти сум убеден дека Кристијано Роналдо и Герет Бејл ќе играат за нас следната сезона. Тоа се двајцата фудбалери кои ни се потребни за да ја освоиме ЛШ.

За жал, Фергусон не успеа во својата намера, Роналдо остана во Реал Мадрид кој по ниту една цена не сакаше да го продаде, додека Бејл во финишот од преодниот рок исто така заврши на „Сантијаго Бернабеу“.
Фергусон во меѓу време кога се соочи со реалноста дека нема шанси да ги донесе ниту Роналдо ниту Бејл, одлучи да си замине во пензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот