Порака од СЗО: Зголемете ги даноците на алкохолот и засладените сокови

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика земјите да ги зголемат даноците на алкохолот и засладените безалкохолни пијалоци. Последните податоци на оваа организација покажуваат дека глобалната даночна стапка на споменатите пијалоци е ниска и дека повеќето земји не користат даноци за поттикнување на поздрав начин на живот.

СЗО посочи дека 2,6 милиони луѓе во светот умираат годишно од алкохол, а повеќе од осум милиони луѓе годишно умираат од нездрава исхрана. Сметаат дека бројот на починати ќе се намалува со зголеменото оданочување, пишува Индекс.хр. Тие истакнаа дека половина од земјите кои ги оданочуваат засладените пијалоци ја оданочуваат и водата, што не е препорака на СЗО. Нагласија дека 108 земји имаат некаков данок на соковите и дека просечниот износ на овој данок на глобално ниво е само 6,6 отсто од нивната вкупна цена. Најмалку 148 земји ги оданочуваат алкохолните пијалоци. Сепак, во најмалку 22 земји, од кои повеќето се во Европа, виното е ослободено од оданочување.

Просечниот износ на данок на пивото, како најпродаван алкохолен производ, е 17,2 отсто од вкупната цена на глобално ниво. СЗО потсети и на истражувањето од 2017 година, кое утврди дека даноците што ќе го поскапат алкохолот за 50 отсто ќе придонесат за спречување на 21 милион смртни случаи за 50 години и ќе генерираат дополнителни приходи од речиси 17 милијарди долари. Станува збор за сума за која наведоа дека е еднаква на вкупниот годишен државен приход на осумте најголеми економии во светот. Од СЗО истакнаа и дека земјите како Литванија, која ги зголеми даноците за алкохол во 2017 година, ги намалија смртните случаи и насилството поврзани со алкохолот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот