Поради судирите во Јемен од јануари се раселени над 40.000 лица

Од 1 јануари до 3 јули вкупно 6.800 домаќинства во Јемен биле раселени барем еднаш, а најмногу раселени има во провинциите Ал Дале, Мариб и Ал Худајда.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека како резултат на актуелниот конфликт во Јемен, најмалку 40.820 лица се раселени годинава, јави агенцијата Анадолија.

Јемен е сцена на конфликти и насилство уште од 2014 година, кога бунтовничкото движење Хуси ја презедоа контролата врз поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.

Конфликтот ескалираше една година подоцна, кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници застанаа на страната на јеменската Влада и почнаа да вршат воздушни напади врз позициите на бунтовниците.

Според Обединетите нации, во оваа земја во која владее една од најлошите хуманитарни кризи во светот, на повеќе од 22 од вкупно 30 милиони жители им е потребна итна помош и заштита

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот