Поради оваа навика брзо стареете

стареење жени
Фото: Профимедиа

Ако работите во канцеларија или од дома, веројатно добро знаете какво е чувството да седите со часови без време за паузи помеѓу нив. Ако ова е и ваше секојдневно искуство, веројатно ќе чувствувате болка и вкочанетост во текот на денот. Понатаму, истражувањата сугерираат дека премногу време поминато во седечка полажба може, исто така, да придонесе и за дополнителни здравствени компликации.

Извештајот објавен од JAMA Cardiology во јуни 2022 година откри дека предолгото седење влијае на луѓето од 21 различна земја. Иако оваа студија е една од најголемите објавени на оваа тема, таа не е прва што ја открива тешката вистина за тоа што седечкиот начин на живот може да направи за вашето здравје. Оваа и други студии на оваа тема објавени во текот на изминатата деценија открија дека долгото седење секој ден без пауза може брзо да го остари вашето тело на повеќе начини, пренесува MSN.

Како долгото седење го забрзува стареењето? Работата во канцеларија отсекогаш претставувала закана за наоѓање време за движење во текот на денот. Имајќи предвид дека работата од дома станува сѐ почеста во последните неколку години, а особено со почетокот на пандемијата на ковид-19, уште повеќе луѓе со часови седат на своето биро или на каучот. За жал, тоа може да предизвика сериозни последици по здравјето на населението.

Студијата JAMA Cardiology покажа дека сите популации што ги проучувале имаат резултати кои докажуваат дека повеќе време поминато во седење е поврзано со поголем ризик од здравствени компликации. Според една статија во ScienceAlert во која се објаснува студијата JAMA Cardiology, седењето помеѓу шест и осум часа на ден „го зголемува релативниот ризик од срцеви болести и прерана смрт за околу 12-13 отсто, во споредба со луѓето кои седат помалку од четири часа на ден.  Зголемете го тоа време на осум часа или повеќе, а релативниот ризик се зголемува до огромни 20 отсто.

Многу други истражувања дошле до слични заклучоци за штетното влијание на долготројното седење во текот на денот. Извештајот објавен во 2019 година во „The American Journal of Preventive Medicine“ покажа дека подолгите периоди на секојдневно седење се поврзани со зголемен ризик од дијабетес и кардиоваскуларни болести. Освен тоа, друга студија од 2017 година од „The ​​Journal of Lifestyle Medicine“, која ги проценува навиките на канцелариските работници, заклучила дека долгото секојдневно седење, исто така помеѓу шест и осум часа, се поврзани со хипертензија (висок крвен притисок) и симптоми на мускулно-скелетни нарушувања во телото.

Клиниката Мејо, исто така, ги предупредува луѓето за опасностите од повечасовното седење без пауза за движење, тврдејќи дека ваквиот начин на работа кој станува рутинска навика може да се поврзе со здравствени компликации како што се висок крвен притисок, дебелина, висок шеќер во крвта, но и вишок висцерална маст, која е вид на маснотија што се таложи околу вашите органи во близина на вашиот стомак. Всушност, по прегледите на 13 студии кои се занимаваат со времето на седење во однос на количината на нечија дневна активност, истражувачите од клиниката Мејо заклучија дека „оние кои седеле повеќе од осум часа на ден без физичка активност имале ризик од смрт сличен на оној од дебелината и пушењето.“

Иако ова е алармантна статистика, за среќа, менувањето на вашиот вообичаен седечки начин на живот може да биде полесно отколку што мислите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот