Поради инцидентот на тренингот Хрватска без Ливаја на завршниот турнир во Лигата на нации

фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Марко Ливаја ги напушти подготовките на хрватската репрезентација и нема да конкурира за завршниот турнир од УЕФА Лигата на нации, официјално пренесуваат од тамошната федерација.

Ливаја разговараше со селекторот Златко Далиќ за инцидентот што се случи на тренингот во понеделникот на стадионот на ХНК Риека, кога неколку лица на непримерен и вулгарен начин го навредуваа хрватскиот репрезентативец. Далиќ и Ливаја се согласија дека инцидентот создал непријатна атмосфера и амбиент во кој е невозможно напаѓачот да се фокусира на завршниот турнир од Лигата на нации.

– Исклучително ми е жал што дојде до ова и што неприфатливото однесување на неколку поединци резултираше со тоа што загубивме важен играч за ова натпреварување. Го разбирам Марко и тежината на ситуацијата во која се најде и го почитувам тоа по сè што е напишано и доживеано, тој не се чувствува подготвен да учествува во завршницата на Лигата на нации – рече Далиќ.

После сè што се случи во изминатите 24 часа, Ливаја чувствува дека не е подготвен да го даде својот максимум на репрезентацијата и дека со останувањето само би бил пречка за тимот кој заслужува да има мир на подготовките за ова важно натпреварување.

– На момците им посакувам многу среќа во Холандија, да се закитат со злато, за што секако имаат квалитет и заедништво. Му благодарам на селекторот за разбирањето, на претседателот на Федерацијата Маријан Кустиќ и на тимот од Федерацијата за поддршката и се надевам дека навивачите на репрезентацијата ќе го разберат овој расплет. Репрезентацијата навистина ми значи и се надевам дека ќе продолжам да бидам нејзин член и во иднина – се зборовите на Ливаја.

Потсетување дека завршниот турнир од Лигата „А“ во УЕФА Лигата на нации ќе се одржи во холандскиот град Енсхеде.

На 14 јуни е првото полуфинале помеѓу Холандија и Хрватска, а еден подоцна силите ќе ги одмерат Шпанија и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот