Поради државната помош за време на енергетската криза германскиот буџет е во дефицит

Во првите шест месеци од годината германскиот државен буџет е во дефицит поради државната помош за граѓаните да се справат со енергетската криза.

Според прелиминарните податоци на германскиот Завод за статистика (Дестатис), во првите шест месеци од годинава од државната каса се потрошени 42,1 милијарди евра повеќе отколку што се слеани средства.

Дефицитот на сојузната, државната и локалната власт и социјалното осигурување, мерено како учество во бруто домашниот производ (БДП), изнесува 2,1 отсто. Германија забележа поголем буџетски дефицит од овој во првата половина на 2021 година, кога достигна 4,3 отсто.

Бруто домашниот производ стагнираше во вториот квартал во однос на претходните три месеци, објави Дестатис, потврдувајќи ги прелиминарните бројки.

Во текот на зимата најголемата европска економија два квартала по ред бележеше пад и влезе во така наречената техничка рецесија.

По благ пад во претходните два квартали, германската економија се стабилизираше во пролетта“, изјави извршната директорка на Дестатис, Рут Бренд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот