Поправка на старите мобилни телефони и лаптопи и нивно враќање во употреба- нов предлог на ЕУ

Мобилни телефони/ Фото: Zerotake / Pixabay

Во Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека идејата на ЕУ е за поздравување, но дека е тешко изводлива бидејќи технологијата оди напред и тешко дека некој од граѓаните ќе се врати на телефон кој нема интернет или фотоапарат. Но, сепак со стимулирање од страна на телефонските оператори по систем „старо за ново“ граѓаните може од фиоки да ги извадат старите неупотребливи уреди барем да се рециклираат.

Европска унија стимулира враќање на старите електронски уреди. Досега се собрани околу пет проценти од користените мобилни телефони, а познато е дека во Европа ги има околу 700 милиони во фиоки.

Европската комисија усвои низа препораки за земјите-членки да го подобрат и поттикнат враќањето на искористените или оштетените мобилни телефони, таблети, лаптопи и нивните полначи.

Целта е да се поддржат националните власти да обезбедат максимална стапка на собирање на овие уреди за да можат да се поправат и повторно да се стават во употреба. 

Во Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека идејата на ЕУ е за поздравување, но дека е тешко изводлива бидејќи технологијата оди напред и тешко дека некој од граѓаните ќе се врати на телефон кој нема интернет или фотоапарат. Но, сепак со стимулирање од страна на телефонските оператори по систем „старо за ново“ граѓаните може од фиоки да ги извадат старите неупотребливи уреди барем да се рециклираат.

Во моментов, стапката на собирање на мали електронски уреди низ ЕУ останува ниска, се вели во извештајот на комисијата. На пример, процентот на собрани мобилни телефони е пријавен дека е помал од пет проценти, а познато е дека има околу 700 милиони неискористени и расипани мобилни телефони во домаќинствата низ ЕУ.

Овие уреди се богати и со скапоцени материјали, особено со суровини кои се исцрпуваат од природата. Само еден паметен телефон содржи кобалт во батеријата, индиум во екранот и благородни метали во екраните. Комисијата наведува дека зголемувањето на поправката и повторната употреба на малата електроника, како и рециклирањето на отпадот од таквите уреди, може да придонесе за побрза транзиција кон кружна економија и заштита на животната средина, но и побрзо снабдување со суровини и енергија.

Во Организацијата на потрпшувачи на Македонија велат дека идејата е за поздравување, но многу тешко остварлива.

-Во земјава но и секаде во светот многу тешко ќе ги натерате луѓето да се вратат на стара технологија. Би прифатиле евентуално некави субвенции или попуст на новиот уред ако го вратат стариот. Но за тоа треба поддршка од мобилните оператори. Исто така тие би требало да размислуваат договорите да не се потпишуваат на две години како до сега и да се даваат нови уреди, туку рокот треба да се продолжи најмалку за уште една година- велат во ОПМ.

Според нив треба да се најде начин барем истите да се донесат за рециклирање како што е слушај со телевизорите или со белата техника.

– Така ќе се заштити животната средина, а се што може да се искористи ќе с ерециклира- велат во ОПМ.

Европската комисија препорача и финансиски стимулации како попусти, ваучери, разни награди наменети за враќање на малата електроника за широка потрошувачка која повеќе не работи, но се уште се чува во фиоки. Целта е да се обезбедат такви стимулации за враќање на малата работна електроника која веќе не ја користат нивните сопственици, но сепак може да се препродаваат, повторно да се користат или да се поправаат.

– Кога ги користат овие стимулации, потрошувачите треба да ја знаат вредноста на нивните стари уреди. Идејата е, исто така, да се промовира користењето на поштенските услуги за враќање на искористени и отпадни мобилни телефони, таблети и лаптопи, на пример преку обезбедување на при-пејд пликови или етикети. Се пресметува дека тоа треба да ги мотивира и потрошувачите полесно да се одлучат да ги вратат старите уреди – се наведува во соопштението на Европската комисија.

Бидејќи многумина не се одлучуваат на овој чекор затоа што се плашат дека нивните лични податоци од уредот може да завршат на погрешно место, од Комисијата изјавија дека и за ова има решение и гаранција дека податоците ќе бидат правилно управувани и ќе биде избришан на вистинскиот пат.

– Повеќе од 700 милиони стари телефони се во фиоки – тоа е речиси два за секој човек во ЕУ, рече комесарот за животна средина Вирџиниус Синкевичиус. Тој објасни дека граѓаните често не знаат што да прават со овие уреди и важно е да им се понуди можност да ги вратат на рециклирање. Уште поважни се стимулациите кои ги мотивираат потрошувачите – рече комесарот за животна средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот