Помпео на 231-та годишнина од Стејт депатментот: Jа пречекавме Северна Македонија во НАТО

Мајкл Помпео EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Државниот секретар Мајк Помпео на одбележувањето на 231-та годишнина од формирањето на Стејт департментот синоќа ги истакна успесите на американската дипломатија во изминатата година, меѓу кои, го посочи и зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

– Овој значаен датум е можност да се посочи на основната улога на нашата дипломатија во унапредуање на интересите, безбедноста и економскиот просперитет на американскиот народ, посочи Помпео.

Тој ги пофали кадрите во Стејт департментот за „исклучителната работа за промоција и презентација на нашите демократски вредности и унапредување на каузата за слободен, мирољубов и просперитетен свет”.

– Во годината што измина, продолживме со притисокот против режимот во Иран…, промовиравме мир во Авганистан… и на нашите сојузници и партнери им ја откривме вистинската природа на кинеската Комунистичка партија. Исто така, ја пречекавме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и објавивме план за имплементација на американската стратегија за жените, мирот и безбедноста, бидејќи да се даде власт на жените е правилно и тоа ќе го направи светот побезбеден, се вели во соопштениото на американскиот државен секретар.

Во него се истакнуваат и огромните напори што САД ги прават во борбата со пандемијата на коронавирус дома и во светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот