Полскиот премиер: Хрватска е пример дека воведување на еврото во време на инфлација е долевање масло на огнот

Хрватска евро/ Фото Andrzej Rostek / Alamy / Alamy / Profimedia

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Хрватска е пример дека воведување на еврото за време на инфлација е долевање на масло на огнот бидејќи во земјата настана хаос, а во Полска воведувањето на еврото би предизвикало инфлација поголема од сегашните 16 отсто.

„Инфлацијата во Полска пристигна од надвор, беше увезена. Тоа е поврзано и со војната во Украина. Хрватска, која го прифати еврото, сега е соочена со хаос во цените, зголемување на цените на горивото. Инфлацискиот хаос кај Хрватите е многу сериозно предупредување за нас“, посочи Моравјецки.

Тој истакна дека Полска нема намера да се откаже од флексибилните механизми на економската политика и дека првата цел е платите на Полјаците да стигнат до платите во побогатите западноевропски земји.

„Дури тогаш можеме да разговараме за промените во монетарната политика, наведе Моравјецки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот