Полска и Унгарија би можеле да ја блокираат декларацијата на самитот на ЕУ

EU Самит Гранада    EPA-EFE/

Миграцијата се заканува уште еднаш да го засени самитот на лидерите на ЕУ, откако унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја била „силувана“ од други земји-членки на ЕУ, пишува Гардијан.

Овој израз не е невообичаен за популистичкиот лидер кој заедно со Полска често се обидува да ја блокира политиката на ЕУ.

Иако земјите-членки на ЕУ веќе се договорија за два круга на закони за миграција, еден во јуни и вториот во средата, Орбан ја доведе во прашање нивната легитимност, инсистирајќи дека одлуките мора да бидат едногласни.

EU Самит Гранада  Виктор Орбан  EPA-EFE/

„Нема договор за имиграцијата бидејќи претходно одлучивме миграцијата да се регулира врз основа на едностран договор, кој беше променет [на] последната средба. Полска и Унгарија [не беа] задоволни со предлогот, но тие… го протуркаа предлогот, па Унгарија и Полска беа целосно изоставени од него. Значи, после ова нема шанси за некаков компромис и договор за миграцијата“, рече тој.

Тој изјави дека е политички „невозможно“ да се постигне договор за миграцијата за наредните години.

„Законски бевме, како да кажам, бевме силувани. Значи, ако сте принудени, законски, принудени да прифатите нешто што не ви се допаѓа, како би сакале да имате компромис и договор? Тоа е невозможно“, рече тој.

Висок полски функционер за „Гардијан“ изјавил дека верува оти Полска и Унгарија ќе го блокираат донесувањето на декларацијата на самитот во Гранада, токму поради прашањето за миграцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот