Половни автомобили никогаш поскапи: побарувачката ја надминува понудата

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Побарувачката за половни автомобили се зголемува и ја надминува понудата, па нивната цена во Европа во ноември била 24.772 евра во просек по возило.

Тоа е за речиси 12 отсто повеќе од пред една година и е највисоко од следењето на статистиката, објави РТС. Според податоците на онлајн дилерот Аутоскаут24, ваквата состојба е последица на кризата во автомобилскиот сектор.

Списанието ХАК забележува дека пред две години многу фабрики беа затворени поради корона вирусот, а потоа имаше и светски недостиг на чипови. И на крајот, како што се наведува, ова беше проследено со недостиг на приклучоци за кабли за возила, кои се произведуваат во Украина.

Се додава дека во меѓувреме побарувачката е зголемена бидејќи некои нови автомобили сега имаат рок на испорака од една година, што ги прави користените автомобили попривлечни. Се вели дека состојбата на пазарот полека се подобрува, иако цените се уште растат, па доколку продолжи трендот на пораст, просечната цена на половен автомобил на крајот на годината на европскиот пазар ќе надмине 25.000 евра. Првите информации од Австрија и Германија велат дека оваа граница е веќе пробиена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот