Полнолетните граѓани на Хонгконг ќе добијат по 1.280 долари заради коронавирусот

Фото: Архива

Хонг Конг ќе потроши речиси 10 милијарди американски долари со цел да им помогне на граѓаните чии финансии се намалени поради ширењето на новиот коронавирус.

Министерот за финансии на Хонг Конг, Пол Чан денеска најави дека Владата на сите полнолетни жители на Хонг Конг ќе добијат по 10.000 хонгконшки долари (1.280 американски долари).

– Социјалните превирања во последните месеци и новата епидемија на коронавирус предизвикаа голем удар врз економијата во Хонг Конг, истакна Чан.

Тој додаде дека „средствата ќе бидат доделени со цел да се стимулира потрошувачката и да се ублажи финансискиот товар на населението”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот