Полнети тиквички со пилешко месо (РЕЦЕПТ)

полнети тиквички

Состојки:

3 главици кромид
3 чешниња лук
5 тиквички
3 парчиња пилешко филе
црвен пипер
сол
црн бибер
кечап
200 мл кисела павлака
200 гр кашкавал

Подготовка:

На оган ставете да се пропржат ситно исечканиот кромид и лук заедно со остатоците од внатрешноста на тиквичките што претходно сте ги издлабиле и кои планирате да ги полните.

Откако зеленчукот ќе се пропржи, тргнете го од оган и оставете го да се излади.
Пилешкото месо исечкајте го на ситни коцки и кратко пржете го. Потоа, додајте го во останатата смеса. Посолете, ставете црн пипер и црвен пипер и промешајте.

Издлабените тиквички наполнете ги со вака подготвената смеса, наредете ги во претходно обложена тава за печење и ставете им одозгора кечап и кисела павлака.

Вака подготвените тиквички печете ги во претходно загреана рерна на 150 степени околу 20 минути. Потоа извадете ги и врз нив изрендајте кашкавал.

Вратете ги да се допечат, односно да се стопи кашкавалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот