Полнењето на електрични автомобили во Италија е поскапо од бензинот

Фото Архива

Полнењето на електричен автомобил во Италија ќе чини 161 отсто повеќе од пред една година поради поскапувањето на струјата, објави порталот за потрошувачи Фасиле. ит.

„Поради зголемените цени на енергијата, полнењето на електричен автомобил е, во некои случаи, поскапо од традиционалното полнење гориво. Ако не полните електричен автомобил дома, туку на јавна станица за брзо полнење, тоа ќе ве чини уште повеќе “, пишува италијанскиот портал.

Експертите пресметале дека претходните трошоци за полнење на електричен автомобил во Италија биле 50-70 проценти пониски отколку за полнење на бензински или дизел модели. Сега, полна батерија на „зелен автомобил“ може да чини повеќе од полн резервоар бензин, пренесува Раша тудеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот