Полицијата уапси грчки државјанин во Скопје, за дрога

Вчера во 13 часот и 30 минути полициски службеници од СВР Скопје на булеварот ,,12 Македонска Бригада” го привеле триесет и тригодишниот М.П од Грција, поради сомнеж дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Тој бил задржан во полициска станица Аеродром за понатамошна постапка.

Во одделен настан вчера попладнето уапсен бил и триесет и двегодишниот Р.С од Скопје зашто при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Кај триесет и тригодишниот К.Ѓ од Скопје вчера попладнето полициски службеници пронашле марихуана при извршен преглед, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот