Полицијата растури семејна веселба во тетовско, уапсен газдата на локалот

Газда на госитварски објект е приведен попладнево, откако полицијата упаднала на семејна веселба во гостиварското село Добри Дол.

-Вечерва околу 18 часот СВР Тетово од слобода го лиши М.И., газда на угостителски објект во село Добри Дол, гостиварско и прекина семејна веселба што се одржувала во објектот- велат од полицијата.

Полицијата е сè уште во објектот.

Станува збор за објект кој пред два дена беше затворен бидејќи во него била организирана свадба со околу 120 гости. Тогаш полициски службеници и инспектори од Пазарниот инспекторат откако утврдиле прекршување на препораките на М.И. (55) кој ја организирал веселбата, и сопственикот на угостителскиот објект М.И. (33) и поднесе соодветни пријави.

Во тек е расчистување на настанот, а дополнителни информации се очекуваат утре. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот