Полицискиот радар „улови“ 148 возачи

полициска контрола радар фото миа

Вкупно 148 возачи се казнети во засилената акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената што вчера ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на целата држава.

Од нив, како што информира МВР, шест се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат со сообраќајните контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот