Полицијата приведе криминалец баран со потерница

Апсење/Фото: МИА

На „Љуботенски пат“ во Скопје вчера е лишен од слобода 40-годишниот Б.И., осуден на затворска казна од пет години и десет месеци. Поради бегство од затвор за него била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување на казната.

На 15.05.2023 по претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги на „Љуботенски пат” во Скопје е лишен од слобода Б.И.(40) од Скопје. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и десет месеци поради сторено кривично дело по член 418, став 2 од Кривичниот законик, а поради бегство од затвор за него била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување на казната во времетраење од 3 години 1 месец и 15 дена, соопштија од МВР.

Лицето е приведено и предадено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот