Поетско поврзување преку слем-поезија на Европското слем-првенство

Фотографија: Guikje Peijnenborg & Katharina Wenty for WPSO

Македонскиот слемер Никола Дукоски ја претставуваше Македонија на Европското слем првенство во Брисел, Белгија, што се одржа на 8, 9 и 10 декември. Дукоски се натпреваруваше заедно со 19 други национални претставници од 20 европски земји. Земја-победничка годинава е Белгија, а победата ѝ ја донесе претставничката Мари Дара.

Тридневниот фестивал понуди различни програми кои можеше да се следат со физичко присуство и онлајн, како дебати, форуми, работилници и натпреварувачкото слем-финале. Жирирањето на финалето беше комбинирано – со избор од петчлено жири од публиката, избор од национално жири од секоја земја-учесничка и глобално онлајн-гласање. Македонско национално жири беше Валерија Дамчевска, која го освои третото место на националниот избор во Прилеп оваа година.

„Европското слем првенство сè уште трае во сите изведувач(к)и, кои во ниту еден момент не се почувствуваме како натпреварувач(к)и. Трае затоа што се поврзавме со разговори, уметност, поезија, музика, духовност и, пред сè, човечност. Организацијата беше одлична, а слем-перформансите се случуваа и зад сцената, каде што сите уживавме“, истакна македонскиот претставник Никола Дукоски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 110, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 18-19 декември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот