Поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски ќе има промоција во „Лабораториум“

Насловна корица на книгата „Денар на валкан тротоар“

Во едукативно-културниот центар „Лабораториум“ на 24 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски.

Книгата ќе ја промовира Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен.

Поетот Јовица Ивановски е роден во Скопје, во 1961 година. Автор е на осумнаест книги поезија и неколку избори на македонски и англиски јазик. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици.

Јовица Ивановски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019). Живее и работи во Скопје. Книжевната критика го категоризира како „урбан поет“, бидејќи низ неговата поезија зрачат сликите на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот