Поддршка за Ана Петровска од советничката од Австриската зелена партија, Хајди Секвенц

Хајди Секвенц
Хајди Секвенц / Фото: Фејсбук, Ана Петровска

Се вмрежуваме со советници, со Зелена агенда низ цела Европа, за да можеме да ги прифатиме нивните искуства и да ги имплементираме во нашата програма за зелено и хумано Скопје, најави денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска.

На прес-конференцијата на која присуствуваше и членката на Австриската зелена партија во советот на Виена, Хајди Секвенц, Петровска изјави дека споделуваат заеднички вредности, а Секвенц е тука, да, како што рече, „ни ја искаже својата помош и поддршка“ и најави дека утре, исто така, ќе имаат соработка со претставници од партија Зелени од Германија.

Секвенц изјави дека сакаат град кој е удобен за живот и каде што луѓето не треба да се преселуваат во нивните куќи на страна, бидејќи не можат да го поминат летото во градот бидејќи е премногу топло.

– Еден од најголемите проблеми во Австрија сега е уништувањето на почвата преку нејзино покривање со непропустливи материјали, ние сме европски шампиони во тоа. Друг проблем е што мора да превенираме два огромни автопати кои се градат околу и во Виена, бидејќи знаеме дека повеќе улици значи повеќе метеж, а нам не ни треба тоа, посочи Секвенц.

Таа дополни дека токму поради тоа што имаат исти цели тука е да ја поддржи Петровска и „Зелен хуман град“.

Извор: МИА

ФОТО+ВИДЕО | Петровска: Не сум издала решение за отпочнување на изградба на малите хидроелектрани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот