Почнува долга и крвава војна, загрозен цел Медитеран (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Претставник на Обединетите нации за Либија, Гасан Салам, предупреди дека битката за Триполи е „само почеток на долга и крвава војна“.

Салам повика веднаш да се преземат чекори за да се прекине дотокот на оружје до завојуваните страни во Либија, односно во битката за главниот град Триполи, која трае од почетокот на април, пренесува „Би-Би-Си“.

Зборувајќи пред Советот за безбедност на ОН, Салам предупреди дека конфликтот би можел да доведе до „хаос во кој сите ќе бидат против сите или ќе дојде до поделба на земјата“.

Според Салам, насилството во околината на Триполи е само почеток на долга и крвава војна во јужните брегови на Медитеранот, со што е загрозена и безбедноста на либиските соседи и се шири во медитеранскиот регион.

Тој додал и дека безбедносниот вакум кој настанал во борбата за Триполи веќе го користат Исламската држава и Ал Каеда.

Подгрупа на Исламската држава во Либија последните неколку месеци изведе низа напади во јужниот дел од во оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот