Почна трилатералната средба во Нови Сад

Почна трилатералната средба меѓу премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Средбата се одржува во ови Сад во Петроварадинската тврдина, а е за економското поврзување на Македонија, Албанија и Србија. Се одржува на иницијатива на Вучиќ.

Предлогот на српскиот претседател за формирање на таканаречениот „мал Шенген“ е главната тема на разговорите, со цел подобро да се интегрираат пазарите во земјите од регионот и да се отстранат бариерите за деловно работење и слободното движење на стоки, луѓе, услуги и капитал на пазар од 20 милиони луѓе.

Вучиќ и српската премиерка, Ана Брнабиќ, синоќа беа домаќини на вечера во Нови Сад за премиерите на Македонија и Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот