Почна евакуацијата на граѓани, горат домови, затворен автопат: Беснее пожарот во Атика

Во источниот дел на областа Атика беснеат два пожари, на две различни локации, едниот во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, другиот на Пелопонез во близина на Коринт. Засега пожарите се вон контрола, а превентивно се евакуирани граѓани. Во близина на Атина веќе има и материјална штета.

Поради силниот ветер пожарот забрзано се шири, а веќе изгореа и неколку куќи во викенд населби кои не се густо населени.

Пожарот кој бесее во Пелопонез пак го затвори автопатот од Атина до Коринт во двата правци, превентивно се евакуирани детски камп и дом за нега на стари лица.

Во моментов во тек е вонреден состанок на надлежните министри, објави МНА-МПА.

Во катастрофалните пожари што ја пеплосаа Атика во 2018 година, загинаа повеќе од 700 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот