Почина ѕвездата на „Би-би-си“ на 35 години, ја загуби битката со ракот

Фото: Instagram/ maddyanholt

Меди Анхолт, ѕвездата на „Би-би-си“ почина на само 35 години, по битката со редок вид на рак на мозокот, пренесуваат странските медиуми.

Анхолт, на која ѝ беше дијагностицирана болеста веднаш по раѓањето на нејзината ќерка, глумеше во неколку ситкоми на „Би-би-си“, „Ај-ти-ви“ и „Ченел 4“, а беше редовна гостинка и во емисијата „Дис морнинг“.

Во објава на платформата „Гоу фанд ми“ („GoFundMe“), нејзиното семејство ја објави тажната вест за нејзината смрт.

„Со длабока тага ја објавуваме смртта на Меди Анхолт, нашата сакана ќерка, сестра, пријателка, сопруга и мајка, која го напушти овој свет во средата на 13 септември на 35-годишна возраст. Можеби знаете дека кратко по раѓањето на нејзината ќерка Опал минатата година, ѝ беше дијагностициран редок и агресивен вид на рак на мозокот. Таа ја издржа операцијата и третманот со неверојатна благодат и храброст, поддржана од нејзиното семејство и посветениот сопруг Бен. Последните недели ги помина во куќата на нејзините родители, опкружена со љубов, мир и звуци на природата“, соопшти нејзиното семејство.

Фото: Instagram/ maddyanholt

Младата Анхолт беше амбасадор за „Виминс Аид“ („Women’s Aid“) и има напишано две книги за семејно насилство и токсични врски. Во 2022 година, таа напиша за „Сан“, како можете да излезете од токсична или навредлива врска, додека сè уште се грижите за себе.

Во последната објава на својот Инстаграм профил пред неколку месеци, ѕвездата на „Би-би-си“ напиша за своите идни планови, додека позираше во црвен фустан.

„Сега всушност живеам во црвени фустани и кармин што се совпаѓа со корицата на мојата книга. Погледнете внимателно и ќе видите повеќе кутии кои несигурно се балансираат на маса со книги и цвеќиња. Зад сцената на соништата“, напишала Меди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот