Почина актерот од филмот „Сам дома“: Сестра му се прости со потресни зборови од него

Фото: Имдб

Американскиот актер Лени Вон Долен, еден од негативците во „Сам дома 3“, почина на 5 јули, потврди неговиот агент за „Вариети“.

Лени почина на 63-годишна возраст, а причината за смртта не е наведена.

Сестрата на Лени, Кетрин Вон Долен, на Фејсбук со потресни зборови се прости од актерот.

„Светот на 5 јули загуби еден величествен човек. Брат Лен беше страстен за сè и за секого. Тој секогаш водеше сè, без разлика дали тоа беше возбудлив разговор, уметничка креација или патување на нови места“, напишала сестрата на актерот.

„Сакаше да ги насмее сите. Тој го продолжува своето духовно патување. Да се живее живот исполнет во неговото сеќавање“, додала Кетрин, а во коментарите следеле зборови на поддршка и сочувство.

Покрај улогата во филмот „Сам дома 3“, Лени имаше и други значајни улоги во многу остварувања.

Покрај „Твин Пикс“ и „Сам дома 3“, Лени глумеше во филмовите „Tollbooth“, „Bird of Prey“, „One Good Turn“, „Entertaining Angels“ и „Cadillac“ и во епизодите на сериите „Miami Vice“, „The Equalizer“, „Walker Texas Ranger“, „Red Dwarf“, „The Pretender“ и во многу други.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот