Победа за паметење на ТФТ во Првата лига

Фото: kfsm.mk

Најмладиот прволигаш стигна до првата победа во кратката историја на постоењето против Црн Дрим Грин мобил (79:69).

„Дебитантите на дело“, и подобар крај за еден од нив, во овој случај, екипата на ТФТ од Скопје, на отворањето на второто првенствено коло од новата сезона.

Во Струга, славеа скопјани, во израмнет натпревар, со доста промени на водството, на крајот дури и убедливо.

Во победничките редови најефикасен беше Херис со 33 поени (девет скока), Андерсон запиша 18 поени, а на спротивната страна Рос забележа 27 поени (пет асистенции) и Зао Марсело имаше учинок од 17 поени и осум скока.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

Црн Дрим Грин Мобил – ТФТ 69:79

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

18.00: Гостивар – Работнички

18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка

18.00: Еуро Никел 2005 – Академија ФМП

Пелистер – Вардар одложено

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот