По видеото на Ахмети реагира СДСМ: Односите со ДУИ се стабилни и нормални, имаме добра соработка

Најголемата владеајчката партија СДСМ, коалицискиот партнер на ДУИ му одговори на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети за објавеното водео на Фејсбук од прес-конференции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција.

– Не гледаме потреба СДСМ да коментира политички маркетинг на било која партија, граѓаните многу добро знаат кои се нашите политики, нашите заложби, вредности, врз основа на тоа на парламентарните изборите ни ја дадоа довербата. Односите со ДУИ се стабилни, нормални, имаме добра соработка, тоа се однесува и на партнерите од парламентарното мнозинство, изјавија од СДСМ за „Слободен печат“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук објави компилација од прес-конференции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција. Ахмети во натписот пишува дека двете партии на Македонците со години ја користат ДУИ за нивните секојдневни политики.

„Со години постојат напори од различни актери да ѝ нанесат штета на ДУИ како и да ја користат за остварување на своите цели во секојдневните партиски политики“, напиша Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот