По вчерашната престрелка уапсен раперот Буба Корели

Раперот Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, уапсен е по вчерашната престрелка во сараевската населба Ступ, пренесува Аваз.ба.

„Апсењето се случи во 22.55 минути, а две лица се уапсени“, рекола за Аваз.ба портпаролот на МУП, од каде што потврдиле дека лицата кои добиле повреди не се ранети од огнено оружје, туку станува збор за повреди добиени во тепачка.

ВИДЕО: Во престрелка во Сараево пукано на раперот Буба Корели

Корели бил затекнат во возило и уапсен, а било претресено и неговото возило. Се товари за предизвикување поголема опасност, носење оружје и нанесување тешки телесни повреди.

Приведен е и неговиот роднина, а полицајците кај него пронашле два пиштола.

По повод вчерашниот инцидент, Буба Корели се огради:

„По повод денешниот инцидент што се случи, дојде до спомнување на моето име. Јас, Амар Хоџиќ, се најдов во погрешно време на погрешно место и никако не сум поврзан со пукањето“, рекол Корели за Аваз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот